12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот парламент го изгласа законот за докапитализација на банките

Грчкиот парламент го изгласа законот за докапитализација на банките

mmm

Грчкиот парламент го изгласа во саботата вечерта нацрт-законот за докапитализација на банките.

За поддршка на законот гласаа повеќето парламентарни групи, вклучително и опозициските, додека против него беа пратениците на неонацистичката партија Златна зора и на Комунистичката партија на Грција. Опозицијата, и покрај разликите со владата на радикалната лева коалиција Сириза, се согласи со неопходноста од осигурувањето на банкарските депозити.

Рекапитализацијата мора да биде завршена до 1-ви јануари 2016 година, бидејќи во моментов не е гарантирана сигурноста на малите банкарски депозити, а од новата година во Грција ќе дејствува банкарската директива за заштита на депозитите до 100.000 евра.

Законот за докапитализација на банките, според владата на премиерот Алексис Ципрас, ќе овозможи да се избегнат грешките и ќе ја подобрат состојбата на грчките банки. Последната рекапитализација на грчките банки ја чинеше државата 40 милијарди евра.

Претходно во саботата Европската централна банка (ECB) ги објави податоците од стрес-тестовите на четирите најголеми банки во Грција, „National bank of Greece“, „Piraeus bank“, „Alpha“ и „Eurobank“.

Според основното сценарио, стрес-тестовите покажаа недостиг од капитал од 4,4 милијарди евра во четирите системски банки. Според, „негативното“ сценарио, пак, вкупниот дефицит на четирите споменати банки изнесува 14,4 милијарди евра. На „National bank of Greece“ ѝ се потребни 4,6 милијарди евра, на „Piraeus bank“ – 4,93 милијарди, на „Alpha“ – 2,74 милијарди а на „Eurobank“ и се потребни 2,12 милијарди евра.

Со третиот пакет меѓународна финансиска помош за Грција во износ од 86 милијарди евра, за докапитализација на банките предвидени се вкупно 25 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП