6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемите американски банки се соочуваат со дефицит од 120 милијарди долари

Најголемите американски банки се соочуваат со дефицит од 120 милијарди долари

new rule 33

Новото правило, кое беше предложено во петокот од Федералните резерви (ФЕД), може да принуди шест големи американски банки да привлечат дополнителни 120 милијарди долари, најверојатно во форма на долгорочен долг, коментира „Ројтерс“.

Барањата имаат за цел да гарантираат дека некои од најголемите и најпознати банки, вклучувајќи ги „Goldman Sachs“, „JPMorgan Chase & Co.“ и „Wells Fargo“, ќе можат подобро да ја издржат новата криза и да го претворат дел од долгот, особено издаден од нивните холдинг компании, во капитал без тоа да доведе до потреси на пазарите или спасувачка помош од Владата.

Се очекува банките да го компензираат недостатокот од 120 милијарди долари преку издавање на обврзници, што обично е поекономично од издавање на акции, изјавија претставници на ФЕД на прес-конференција во петокот. Правилото, предложено во петокот, што во голема мера се совпаѓа со очекувањата на банките, се однесува на капацитетот на доверителите за целосно покривање на загубите.

Ова е уште едно од серијата правила кои имаат за цел намалување на ризикот во банкарскиот систем преку одредување колку долг и капитал банките можат да користат за да се самофинансираат.

Според претставник на ФЕД, дел од тимот го разви правилото за на банките да им биде лесно да се усогласат со него, бидејќи многу барања се совпаѓаат со постоечките правила. Покрај тоа поголемиот дел од барањата за долг можат да бидат исполнети преку рефинансирање на постојниот долг, вели уште вработениот.

Некои од барањата мора да бидат исполнети до 1-ви јануари 2019-та година, а построгите до 1-ви јануари 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП