16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо кои земји цените на имотот се зголемија најмногу

Во кои земји цените на имотот се зголемија најмногу

imoti 30

Последнава година дефинитивно е добра за пазарите на недвижности во светот или за повеќето од нив. Во Европа продолжува да се набљудуваат „надуените имотни балони“ во некои земји, според податоците на Агенцијата за недвижности „Knight Frank“.

За споредба американскиот пазар на недвижности беше далеку анемичен со раст на цените од 4,8%, според податоците на британската агенција за недвижности.

Еве ги петте најдобри и најлоши пазари на имот за последната една година (во однос на промената во цените на имотот):

Ирска – раст од 15.0%

imoti 31

Најголемиот раст на цените на имот за последните 12 месеци стартува од Ирска. Земјата го заземаше дното на листата на „Knight Frank“ во повеќето од годините помеѓу 2009-2012, кога беше погодена од сериозна криза. Јавно сепак таа почнува да излегува од кризата. И покрај растот од 15% за годината до крајот на септември, недвижностите во Ирска продолжуваат да се со 39% под „врвот“ од пред кризата од 2007-ма година.

Дубаи – раст од 12,5%

imoti 32

Цените на недвижностите во Дубаи исто така регистрирале двоцифрен раст за последната една година. Растот сепак го прикрива нивното силно намалување за периодот меѓу јуни и септември, кога забележаа пад од 5.2%. Тоа беше нивниот прв од четирите годишни квартали во кој забележаа намалување, а стручњаците го објаснуваат тоа со силното зголемување од речиси два пати во трансферите и таксите за хипотекарни кредити во земјата. Исто така има стравувања дека луксузниот сегмент во земјата бележи сериозно забавување.

Велика Британија – раст од 10,5%

imoti 33

Земјата се насочува кон нов бум кај недвижностите. Иако сериозното зголемување на цените, луксузните имоти бележат значително забавување, а сочинуваат речиси 5% од пазарот во Лондон, тие се очекува да забележат нулта раст во цените за оваа година. Просечното зголемување во последните две години беше во износ од 7.9%.

Естонија – 10%

imoti 34

Растот во цените на имотот кај единствената земја од Централна и Источна Европа, која спаѓа во земјите со најголем раст во имотот, е Естонија. Цените сериозно го забавуваат растот во последниот квартал, а меѓу април и септември се намалиле за 1,1%. Растот на недвижностите во главниот град Талин е поради зголемениот интерес од руски купувачи кои бараат можности за инвестирање надвор од границите на својата земја.

Тајван – раст од 9,7%

imoti 35

Цените на недвижностите во Тајван се најрастечки меѓу земјите од Источна Азија. Цените на имотот таму се зголемуваат стабилно од 2009-та година, па наваму. Во главниот град Тајпеј просечната цена на квадратен метар веќе достигнува 7.112 долари, што го прави 18-иот најскап град во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП