17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија мака мачи со огромниот раст на цените

Русија мака мачи со огромниот раст на цените

rusija-ekonomija-ruru

Советот на директори на Банката на Русија втор пат по ред одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на ниво од 11 проценти годишно, соопшти банката.

Одлуката, стапката да не се намали е донесена поради тоа што и понатака постојат значајни инфлаторни ризици. Притоа, не дошло до суштинска промена на балансот на инфлаторните ризици и опасноста од ладење на економијата, наведува централната банка.

Ако дојде до забавување на инфлацијата, како што прогнозира централната банка, референтната каматна стапка ќе биде намалена на еден од наредните совети, пренеусва Тас.

Растот на цените кој оваа година во Русија достигна рекордни нивоа и создаде огромни проблеми на руската економија. Според прогнозата на Банката на Русија, инфлацијата оваа година ќе изнеусва од 12 до 13 проценти, а се препоставува дека наредната година ќе забави. Во октомври 2016 година се предвидува да изнесува помалку од седум проценти, а целното ниво од околу четири проценти ќе биде достигнато во 2017 година.

Умерено строгите монетарни услови и слабата домашна потрошувача ќе продолжат да придонесуваат за намалување на цените, објаснува централната банка.

Последниот овогодишен состанок на советот на директори на Банката на Русија, на кој ќе се разгледува нивото на референтната каматна стапка, е планиран за 11. ноември, кога директорката на централната банка Елвира Набиулина ќе поднесе извештај за монетарната политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП