26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair вози за џабе - 500.000 авионски билети од 9,99 евра

Ryanair вози за џабе – 500.000 авионски билети од 9,99 евра

ryanair-aircraft-(12)

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Ryanair“ лансираше специјална понуда за своите авионски билети, по цена од 9,99 евра за зимскиот период, со цел поттикнување на прометот и продажбата на авионските билети.

Во промотивниот период кој трае од 30.10 – 02.11 оваа компанија ќе продаде 500.000 авионски билети за 370 европски линии во зимскиот период по симболична цена од 9,99 евра.

Интернет сајтот на компанијата се соочува со сериозни проблеми по почетокот на онлајн продажбата на овие билети од специјалната понуда, кои во нормална продажба чинат значително повеќе.

Во зимскиот период патниците по минимална цена ќе можат да искористат 370-те европски линии, како Пиза, Рим, Париз, Пескара, Сарагоса, Мадрид, Брисел, Порто…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП