26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата се задржа над 49 долари

Цената на нафтата се задржа над 49 долари

nafta-nafta

Цената на сировата нафта се задржа во петокот на светските берзи над 49 долари и покрај прекумерното снабдување кое ги тестира капацитетите за складирање и ја загрозува добивката на компаниите.

На лондонската берза цената на барелот порасна 35 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 49,15 долари. На американската берза немаше позначителни промени во цената и со барелот се тргуваше по 46,21 долар.

Трговците денеска се согласуваат со оценката дека поддршката на цените пружи неделниот извештај на американската влада, кое покажа помал раст на вкупните резерви на сирова нафта од очекуваното. Воедно залихите во клучниот јазол Кушинг се намалени, како и вкупните резерви на деривати.

Во меѓувреме анкетата на Reuters покажа дека производството во државите членки на OPEC е намалено во однос на претходниот месец, со оглед дека падот во Саудиска Арабија и во Ирак го надмина зголеменото производство во одделни афрички членки.

Паралелно кинеското министерство за трговија најави дека ќе ја удвои квотата за увоз на сирова нафта во 2016 година.

Кога сето тоа ќе се тргне настрана, производството на OPEC и натаму е близу рекордните нивоа, а кинескиот економски раст подолго време предизвикува загриженост.

Дополнително, податоците за економскиот раст во САД во третиот квартал покажуваат осетно намалување на економските активности во споредба со претходното тромесечје.

Во основа цената на нафтата стагнира, заклучуваат аналитичарите.

„Тапкаме во место. Цените се движат во многу тесен распон“, вели Герет Луис од BNP Paribas.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП