28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ-Словенија подготвува план за реструктуирање

НЛБ-Словенија подготвува план за реструктуирање

nlb

Нова Љубљанска Банка-Словенија(НЛБ) подготвува план за свое реструктуирање кое ќе го достави до Европската комисија, а во него меѓу другото предвидува поделба на своето инвестициско портфолио на стратешки и нестратешки дел.

Нестратешкиот дел чија вредност се проценува на 2,2 милијарди евра, НЛБ би ги продала во рок од пет години. Овој дел од портфолиото во меѓувреме ќе го управува одделот за нестратешки инвестиции, еден вид на таканаречена интерна ,,слаба банка”, со цел до конечната продажба да ја оптимизира неговата вредност.

Стратешкиот дел од имотот на НЛБ, чија вредност се проценува на 6,5 милијарди евра ќе биде основа за идниот развој на банката, како е реорганизацијата на деловните процеси која е неопходна за долгорочен одржлив раст, наведоа од НЛБ.

Нестратешкиот дел кој ќе биде префрлен на интерната ,,слаба банка”, ќе вклучува кредити и капитални влогови, додека најризичните лоши кредити ќе бидат префрлени и управувани од страна на државата врз основа на веќе донесените закони.

Што се однесува до планот за реструктуирање на банката, која Словенија мора да го подготви за Европската комисија, во НЛБ наведоа дека сеуште траат преговорите и дека во име на Словенија ги води министерството за финансии.

Во најголемата словенска банка истакнаа дека нејзината управа успеа да го запре трендот на смалување на депозитите кој беше евидентиран од септември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП