5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеновиран блокот Б во Гоце Делчев, првите станари ќе се вселат во...

Реновиран блокот Б во Гоце Делчев, првите станари ќе се вселат во понеделник

studentski-dom

Еден од блоковите на најголемиот студентски дом во земјата „Гоце Делчев“ во Скопје, целосно е реновиран а првите станари во модернизираниот блок Б ќе се вселат во понеделник.

Блокот Б доби нов и современ лик со модерен, но практичен мебел, опремени мини кујни, реновирани бањи, големи плакари и бироа за учење.

Сменети се сите прозорци, бојадисани ѕидовите, а монтиран е и нов лифт. Пробно било пуштено и парното за да можат надлежните да бидат сигурни дека објектот е подготвен за вдомување на студентите.

Од Министерството за образование и наука велат дека веќе бил завршен проектот за реконструкција на блокот „А“. Тендерот за негова санација треба да биде распишан во почетокот на ноември. Паралелно ќе се работат и проектите за другите два блока В и Г, како и за реновирање на мензата која работи во склоп на овој студентски дом.

Овој студентски дом претходно беше во катастрофална состојба, а фотографии кои ги сликаа студентите од руинираниот дом беа објавени во повеќе светски медиуми.

Агенцијата Макфакс во 2014 година објави опширна репортажа од домот, при што се обиде од надлежните институции да добие одговор зошто нема топла вода во домот, ѕидовите паѓаат, а лифтовите се расипуваат, по што започна неговото реновирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП