22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на акцијата на Македонски Телеком пред исплатата на дивидендата

Раст на акцијата на Македонски Телеком пред исплатата на дивидендата

mk berza

Акцијата на Македонски Телеком во денешното тргувањето на Македонската берза оствари раст од речиси 4,5 отсто по објавувањето на јавниот повик за акционерско собрание на кое ќе се разгледува меѓу другото и исплатата на дивидендата.

Најголем раст оствари акцијата на Охридска Банка, додека Комерцијална Банка ја заврши трговската седмица како што ја почна – на челното место според остварениот промет.

На официјалната страница на Македонската берза за хартии од вредност, „Македонски Телеком“ АД Скопје во петокот објави јавен повик за одржување акционерско собрание со две точки на дневен ред, и тоа: предлог одлуки за распоредување на акумулираната добивка на друштвото и исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар.

Според објавените предлог одлуки, предвидена е исплата на дивиденда во бруто износ од 14,38 денари по акција, што би претставувало втора исплата на дивиденда оваа година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 02.12.2015 година.

По објавата на оваа информација, акцијата го заврши денот со пораст од 4,49 отсто и 4.096 истргувани акции.

Прва на листата на победници се најде акцијата на „Охридска банка“ АД Скопје со пораст од 7,72 отсто преку само 32 истргувани акции, додека, пак, акцијата на нафтената компанија „Окта“ АД Скопје се позиционираше на второто место со пораст од 6,01 проценти.

И на последниот трговски ден оваа седмица, акцијата на „Комерцијална банка“ АД Скопје не го отстапи првото место по реализиран промет. Вкупно беа истргувани 919 акции при што акцијата забележа пораст од 4,72 отсто.

Последниот трговски ден овој месец на Македонската берза беше заокружен со вкупен промет од 7.111.106,78 денари и вкупно 95 реализирани трансакции.

МБИ10 индексот порасна за 2,08 проценти и заврши на ниво од 1.727,91 поени, додека, пак, ОМБ се намали за 0,50 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП