5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев: ЕУ сака Србија да го раскине договорот за слободна трговија со...

Медведев: ЕУ сака Србија да го раскине договорот за слободна трговија со Русија

Dmitry Medvedev

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјавил дека Европската комисија (ЕК) бара од Србија да го раскине догоорот за слободна трговија со Русија, пренесуваат руските медиуми.

Медведев потсетува дека моментално важи договорот за слободна трговија кој беше потпишан од страна на претставниците на Русија и Југославија на 28-ми август 2000-та година. Истовременото стапување во две зони на слободна трговија – Русија и Европската унија не е можно, за што Медведев зборувал и со српскиот премиер Александар Вучиќ.

„Сега кога Србија е подготвена да стапи во ЕУ, Европската комисија бара да се раскине овој договор. Така што нашите стравувања се целосно оправдани“, истакнал рускиот премиер.

Србија побара од Русија да го прошири договорот за трговија на уште неколку производи, а овие барања се поврзани со воведувањето на ембарго од страна на Русија за одредени производи од Западот. Белград од Москва побарал договорот да важи и за шеќер, цигари, алкохол, месо и возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП