21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје во потрага по техничко-технолошко решение за третман на отпадните води

Скопје во потрага по техничко-технолошко решение за третман на отпадните води

скопје-скопје

Јавна расправа за Студијата за финансирање, изградба и работа на станицата за пречистување отпадни води за градот Скопје, се одржа во петок во просториите на Град Скопје.

Во рамки на расправата, беше презентирана анализата и препорачаните решенија за третман на отпадните води и управувањето со тињата: кондиционирање, одлагање, повторна употреба и елиминација.

На расправата присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири и амбасадорот на Франција во Република Македонија, Лоренс Оер, како и претставници на државни институции, експертската јавност и невладините организации.

„Оваа јавна расправа е од исклучителна важност за донесувањето на конечната одлука за избор на најповолно технички-технолошко решение за планираната пречистителна станица за отпадни води во Скопје“, рече градоначалникот Коце Трајановски.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, нагласи дека изградбата на пречистителната станица за Скопје е проект од исклучителна важност за заштита на животната средина, од национално и прекугранично значење.

„Очекуваме студијата што е во фаза на изработка да го даде најдоброто и најповолното решение за финансирање, изградба и работа на станицата за пречистување на отпадни води во Град Скопје“, нагласи Изаири.

Амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, потенцира дека во овој период се работи на изнаоѓање на најдобрите техничко-технолошки решенија за третман на отпадните води и на тињата, а во иднина ќе се работи на изнаоѓањето најповолни можности за финансирање, за граѓаните на Скопје да добијат современа постројка за пречистување на водите за долг временски период.

Изработката на Студијата за финансирање, изградба и работа на пречистителна станица за отпадни води за Скопје е финансиски поддржана од Фондот за студии и помош во приватниот сектор – ФАСЕП и француската Влада во висина од 729.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП