10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако најбогатите луѓе во светот го имаат стекнато своето богатство?

Како најбогатите луѓе во светот го имаат стекнато своето богатство?

bogati

Ако ги погледнеме статистиките, можеме да видиме дека бројот на земјите во кои најбогатите луѓе самите имаат заработено пари, е речиси еднаков на оној на земјите во кои богаташите наследиле финансии од мама и тато, коментира „MarketWatch“.

Ова е заклучокот од графикот објавен од Раул Аморос на сајтот „HowMuch.net“. Општо земено тој покажува дека 52% од најбогатите луѓе во секоја земја биле родени „со сребрена лажичка“. Останатите успеале сами да го стекнат богатството.

Треба да се напомене дека луѓето кои самите успеале во животот се побогати од останатите, а во просек нивното богатство е за 58% повеќе од тоа на богатите наследници. Тројца од најбогатите мажи во светот – Американецот Бил Гејтс, Шпанецот Амансио Ортега и Мексиканец Карлос Слим, спаѓаат во категоријата на милијардери, кои самите имаат заработено пари, но се и далеку побогати од најголемиот корисник на семејното богатство – наследничката на „L ‘Oréal“ Лилиан Бетанкур во Франција.

bogati grafikon 330

„Човек може да си помисли дека сите најбогати меѓу богатите се родени со пари. На крајот оние кои се збогатиле со сопствениот труд ќе треба да го стекнат богатство толку брзо, така што во рамките на една генерација да ги надминат парите на семејството, кое собира пари со генерации “, пишува Аморос.

Томас Пикети е меѓу оние за кои може да се направи ваква претпоставка. Францускиот економист пишува во бестселерот на темата дека „е речиси неизбежно наследеното богатство да доминира над богатството стекнато од животен труд“.

Ова сепак очигледно не е така, барем на врвот на листата. „Forbes“ тврди дека 70% од најбогатите Американци овој статус го имаат остварено самите. Нешто повеќе, магазинот наведува дека богатството во САД всушност станува меритократско, а под половина од вклучените во „Forbes 400“ во 1984-та година сами го стекнале своето богатство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП