17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретпазливост на берзите во Азија, доларот слабее

Претпазливост на берзите во Азија, доларот слабее

berza azija

На азиските берзи во претпладневното тргување во петокот се тргува поради забавувањето на растот на американската економија и одлуката на јапонската централна банка нејзината монетарна политика да остане непроменета.

На токиската берза индексот Nikkei во петокот претпладнето беше во плус околу 0,8 отсто, додека цените на акциите во Сингапур и Шангај пораснаа меѓу 0,4 и 0,7 отсто. Берзанските индекси во Јужна Кореја, Хонгконг и Австралија, пај, паднаа меѓу 0,1 и 0,4 отсто, додека индексот MSCI на азиско-пацифичките акции вез јапонските, беше во плус од 0,3 отсто, па му се заканува седмична загуба од 2,1 отсто од вредноста.

Инвеститорите се претпазливи бидејќи растот на американскиот бруто домашен производ (БДП) во третиот годинешен квартал забавил на 1,5 отсто, на годишно ниво, откако во претходниот силно скокна за 3,9 отсто. Американскиот пазар е најважниот извозен пазар за големите азиски компании, а поради забавувањето на растот на економијата во САД, би можело да им опаднат приходите.

Воздржаноста на инвеститорите, исто така, е последица на одлуката на челниците на јапонската централна банка Bank of Japan (BoJ) на седницата од петокот, монетарната политика и натаму да остане непроменета. Тоа беше и очекувани, иако некои инвеститори се надеваат на дополнителни поттикнувачки мерки, поради можната рецесија на јапонската економија и заканите од дефлација.

„BoJ веројатно ќе го почека исходот од седницата на Fed во декември, пред да одлучи дали нешто ќе преземе. Оттаму, сметам дека натамошното олабавувањето на монетарната политика во Јапонија може да следи најрано во јануари“, вели Хиромачи Ширакава, економист во компанија „Credit Suisse Securities Japan“.

Американската централна банка Federal Reserve (Fed) порача во средата дека очекува продолжување на умерениот раст на економијата во САД и дека поради тоа во декември е можно зголемување на каматните стапки. Меѓутоа, проблематично е дали тогаш ќе ги зголеми каматите, бидејќи забавува растот на глобалната економија и бидејќи таквата одлука би можела да ги потресе земјите во развој, за кои во тој случај би пораснала цената на задолжувањето.

А на валутните пазари прекинат е подемот на доларот, поттикнат во средата од пораката на Fed, дека до крајот на годинава е можно зголемувањето на каматите.

Во петокот претпладнето курсот на американската валута во однос на јапонската се движи околу 120,80, јени, додека во четвртокот во истиот период од тргувањето изнесуваше 121 јен. Доларот ослабе и во однос на европската валута, па цената на еврото скокна од вчерашните 1,0930 на 1,0975 долари.

Цените на нафтата, пај, за малку паднаа, но натаму се на пат да остварат значителен неделен раст. Цената на барел на американскиот пазар се лизна за 0,5 отсто, на 45,80 долари, додека на лондонскиот пазар, барелот поевтини за 0,2 отсто, на 48,70 долари. Во однос на почетокот на седмицава, цените на нафтата во САД се во плус од речиси 3, а во Лондон околу 1,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП