12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА11-те земји кои држат 70% од златните резерви во светот

11-те земји кои држат 70% од златните резерви во светот

zlatko3

Знаете ли дека 11 држави поседуваат малку над 70% од златните резерви во светот, во висина од 32.659 тони?

Податоците на Светскиот совет за злато за октомври 2015-та година покажуваат дека САД продолжуваат да располагаат со најголемите златни резерви – 8.133.5 тони. Втората позиција е за Германија со 3.381 тони, која е пред Италија и Франција со по 2451 и 2435 тони.

Во јули, за прв пат од 2009-та година, Народната банка на Кина ги објави податоци за златните резерви. Кон крајот на јуни тие беа 1.658 тони, а според последните податоци дури се зголемени до 1.693 тони. На овој начин Кина ја надмина Русија, која има 1.317 тони, како и Швајцарија, која е седма земја во светот со резерви од над 1.000 тони.

На оваа ранг листа следуваат Јапонија, Холандија, Индија и Турција.

Процентот на златото од вкупните резерви е најмал кај Кина и Јапонија, односно 1,6 и 2,2 отсто, а е највисок кај САД – 73 отсто, како и Италија и Франција со по 65%.

Вкупно 33 држави во светот поседуваат повеќе од 100 тони злато во резерви, покажуваат уште изнесените податоци, а само 64 од земјите со над 10 тони.

Македонија е рангирана на 76-та позиција во златни резерви од 6,8 тони и процент од 10.1 посто.

ZLATO REZERVI

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП