5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДва нови романи на скандинавски автори на македонски јазик

Два нови романи на скандинавски автори на македонски јазик

romani

Во петок, од печат излегуваат два нови превода од скандинавски автори на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ.

Се работи за романите Одбивам на Пер Петешон, во превод од норвешки јазик на Искра Бадева, и До последниот здив на Ане Сверд, во превод од шведски јазик на Родна Русковска.

По тој повод, во петок и во сабота домашните читатели ќе можат да ги набават книгите по промотивни цени во книжарницата ИЛИ-ИЛИ во Скопје, во рамките на Скандинавското викенд мени, во чии рамки освен новите две книги, по намалени цени ќе можат да се купат и останатите изданија од скандинавските автори.

Ова се за 119 и 120 издание во популарната едиција ПРОаЗА на ИЛИ-ИЛИ, со што издавачката куќа заокружува уште една година во која на читателите им ги подари и преводите на новите дела на писатели како Георги Господинов, Ханиф Курејши, Дејвид
Мичел…

Илустрациите на кориците ги изработи Марија Смилевска, дизајнот е на бригада.мк, а излегувањето на книгите е дел од програмата Креативна Европа на Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП