27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на PayPal помали од очекуваните поради растот на доларот

Приходите на PayPal помали од очекуваните поради растот на доларот

paypal_01

Компанијата специјализирана за парични трансакции преку интернет, „PayPal“, во третиот квартал оствари пониски приходи од тоа што го предвидоа аналитичарите, бидејќи силниот долар негативно влијаеше на обемот на трансакции во Кина и Европа.

Приходот на „PayPal“ пораснал во извештајниот период за околу 14 проценти, на 2,26 милијарди долари (2,07 милијарди евра), додека аналитичарите во анкетата на Ројтерс прогнозираа 2,27 милијарди долари, а речиси половина од приходите се реализирани надвор од САД.

Не сметајќи го влијанието на растот на доларот, приходите се зголемени за 19 проценти.

Нето профитот на „PayPal“ е зголемен за 28,6 проценти, на 301 милион долари, што изнесува 0,25 долари по акција.

Профитот по акција, кога се исклучуваат вонредните ставки, достигнал 0,31 долар, додека аналитичарите очекуваа да биде 0,29 долари, наведува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП