18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P: В. Британија може да загуби две оценки од рејтингот, ако ја...

S&P: В. Британија може да загуби две оценки од рејтингот, ако ја напушти ЕУ!

gb zname eu

Рејтингот на Велика Британија може да биде намален за две оценки, ако ја напушти Европската Унија, предупреди меѓународната рејтинг агенција „Standard & Poor’s“.

Евентуално гласање за излез од ЕУ можеби ќе доведе до намалување на оценката за еден степен или дури за две оценки, ако односите меѓу Лондон и Брисел се влошат значително, посочува во интервјуто за „Ројтерс“, високиот шефот на одделот за рејтинг, Мориц Кремер.

Поддршката меѓу Британците за останувањето на Велика Британија во ЕУ опадна силно под притисок на миграцискиот бран пред референдумот, кој се очекува да трае до крајот на 2017-та година, забележуваат агенциите.

Анкета претходно во овој месец откри дека поддршката за излез на Велика Британија од ЕУ е 39% – највисоко ниво од 2012-та година, откако во јуни беше 27%.

„Standard & Poor’s“ и дава на Велика Британија највисок рејтинг – „ААА“ од 1978-ма година, но во јуни оваа година прогнозата беше променета на негативна поради опасноста од т.н. „Brexit“.

Фактор за оценување на агенцијата ќе биде и дали Шкотска ќе остане дел од Обединетото Кралство по евентуален „Brexit“.

Според Кремер „едно нешто е земјата да ја напушти ЕУ, но ако биде поделена во иднина, тоа ќе доведе до дополнителни компликации и проблеми“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП