21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкспертите пресметуваат дека IS ‘заработува’ од нафтата над 700 млн долари годишно

Експертите пресметуваат дека IS ‘заработува’ од нафтата над 700 млн долари годишно

nafta 300

Обемот на нафта којашто на црниот пазар ја продава џихадистичката организација Исламска држава (IS) во вредност може да изнесува до 2,5 милиони долари дневно, смета турскиот политиколог директор од Центарот за стратешки студии Кафкасам од Анкара, Октај Хасан, а во истата анкета што во четвртокот ја објави агенцијата РАИ, канадската адвокатка експерт за борбата против финансирање на терористичките организации, Кристин Духајм, смета дека оваа организација која експлоатира нафта од наоѓалиштата на териториите кои се под нејзина контрола во Сирија и во Ирак, веројатно заработува до 700 милиони долари годишно од препродажба на „црното злато“, и предупредува дека владите на многу земји и покрај напорите сé уште не успеале да ги намалат приходите на терористичката групација.

„За кусо време Исламската држава зазема огромни територии од Сирија и од Ирак, вклучително и наоѓалишта и нафтени резерви. Таа нафта терористите ја продаваат на црниот пазар по ниски цени, нанесувајќи штети на економијата и на нафтениот сектор на земјите. Нафтата се пренесува на територијата на Турција со товарни композиции, а обртот се проценува до 2,5 милиони долари на ден, при што не секогаш е можно да се утврди потеклото на нафтата“, вели турскиот политиколог Октај Хасан.

Тој, сепак, смета дека „ваквата трговија наскоро ќе биде прекината“ поради воздушните удари во Сирија, како и во Ирак. Од неговиот институт експертите истакнуваат и дека не смеат да се потценат и приходите коишто ги остварува Исламската држава од продажбата на артефакти и скапоцени предмети, исто така, на црниот пазар, а се ограбени од териториите кои се пребогати со музеи и древни археолошки наоѓалишта.

Давајќи ја својата процена за 700-те милиони долари кои Исламската држава ги заработува годишно од препродажбата на нафтата, канадската експертка Кристин Духајм, вели дека американските процени за приходите на терористите од нафтата од половина милијарда долари годишно, веројатно се потценети.

„Повеќето (експерти) се согласни дека Исламската држава заработува од нафтата многу поголеми суми, најмалку меѓу 40 и 50 милиони долари месечно, или повеќе од 500 милиони долари годишно. Тие процени се засновани на податоците кои разузнавањата ги добиваат од нивните извори, така што со сигурност може да се претпостави дека таа бројка е поголема, бидејќи сите терористички организации многу вешто го прикриваат финансирањето на своите активности“, вели Духајм.

„Всушност, сумата веројатно е поблиска до 700 милиони долари годишно. Очигледно сé уште не успеавме да го намалиме финансирањето на тероризмот во однос на Исламската држава“, вели Канаѓанката и додава дека „не се чини доволно за да се намали финансирањето на тероризмот, вклучително и на продажбата на нафтата“.

Според Духајм, неопходно е да се води „финансиска војна“ против џихадистите. „Најефикасната стратегија за победа над Исламската држава е да се исклучат од нашите финансиски системи, да им се прекине пристапот до банките во еден ден. Треба да размислуваме на тоа како на финансиска војна“, смета.

Експертката, исто така, смета дека доколку на Исламската држава ѝ се прекине пристапот до банките, „таа веднаш ќе ја загуби моќта“. „Со цел да се запре продажбата на нафтата, владите мора да работата на тоа Исламската држава и стотиците компании кои тие ги поседуваат и контролираат, никаде да не можат да користат банкарските услуги“, вели натаму Дунхајм.

Според последните податоци од американското министерство за финансии, Исламската држава добила актива од милијарда долари при запленувањето на трезорите на банките во градовите коишто ги зазема во Ирак и во Сирија, и продолжува да заработува од 40 милиони долари месечно од продажбата на нафта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП