20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстро забави растот на американската економија

Остро забави растот на американската економија

amerika-sad-amerika-amam

Растот на американската економија во третиот квартал остро забави на годишно ниво, покажа најновиот извештај на американското министерство за трговија, во кој како кочница се издвојува слабата исполнетост на резервите на компаниите.

Бруто домашниот производ (БДП) во третиот квартал порасна за 1,5 отсто на годишно ниво, со што значително забави неговиот раст во споредба со вториот квартал, кога е забележан скок на активностите од 3,9 отсто.

Економските аналитичари во просек предвидуваа растот на економијата во третиот квартал да изнесува 1,6 отсто.

Проблемот со слабата исполнетост на резервите веројатно ќе биде од привремен карактер и економистите очекуваат дека растот на американската економија во четвртиот квартал ќе зајакне со оглед на силните домашни фундаменти.

Во третиот квартал американските компании акумулирале 56,8 милијарди долари резерви, што е најниска вредност на овој показател од првото тромесечје во 2014 година и значително помала во споредба со претходното, кога вредноста на резервите изнесувале 113,5 милијарди долари.

Бавниот раст на залихите ја намали стапката на БДП за дури 1,44 отстотен поен.

Оптимизмот на потрошувачите, на кои ветер во грбот им дава поевтиниот бензин и подобрената состојба на пазарот на недвижности и на пазарот на труд, го ублажи влијанието на послабото пополнување со резерви врз растот на економијата во целост.

Личната потрошувачка, која е заслужна за две третини од американската економска активност, во третиот квартал порасна за 3,2 отсто, по 3,6-отстотниот раст во вториот квартал.

Од позначајните чинители на БДП се издвојува и извозот, кој забави во третиот квартал пораси силниот раст на доларот. Влијанието на намалените извозни активности е поништено со бавниот раст на увозот, па на крајот ефектот на трговската размена врз БДП-то беше неутрален.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП