17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо прекин железничкиот сообраќај Велес-Битола

Во прекин железничкиот сообраќај Велес-Битола

камења-пруга

Железничкиот сообраќај кон Битола е во прекин од средата вечер, откако голем одрон падна на пругата Велес – Битола. Одронот од големи камења бил на делницата помеѓу станиците Мартолци и Стари Град.

Македонски железници биле информирани од полицијата во среда околу 15 часот. Од таму уверуваат, дека немало опасност воз да удри во камењата кои паднале на пругата.

Наши екипи се на терен, се работи да се расчисти одронот. Станува збор за огромни камени блокови, за кои можеби ќе биде потребно да се минираат. Постои опасност од друг камен блок, во близина на овој што се сруши, кој е пред паѓање. Бидејќи местото е мошне ризично за работа, тешко пристапно, можно е да се работи неколку денови. Се надеваме дека најскоро железничкиот сообраќај ќе биде нормализиран – изјави Невзет Мамути портпаролот на МЖ Инфраструктура.

Реакции по вчерашното откажување на патувањето имало од педесетината патници кои останале на Железничка станица Велес, откако им било кажано дека железничкиот сообраќај е во прекин. Тие барале Железница да им обезбеди автобуски превоз до Битола, но тоа не го добиле па морале да плаќаат автобуски билет. Најлошо минале патниците за Богомила, каде нема ни автобуски превоз, па тие користеле такси услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП