11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордно ниска невработеност во Германија

Рекордно ниска невработеност во Германија

germanski znaminja2

Бројот на невработени во Германија е најнизок во последните 24 години, а стапката на невработеност падна на 6 отсто, објави во четвртокот Сојузната агенција за труд.

„Поволниот тренд на пазарот на труд и натаму трае“, рече директорот на Сојузната агенција за труд, Франк-Јирген Вајс. Бројот на невработени во октомври изнесуваше 2,54 милиони, што последен пат е забележано во 1991 година.

Истовремено, покрај падот на невработеноста, се бележи и засилена побарувачка на економијата за работници. Моментно на германскиот пазар на труд има 612.000 слободни работни места, што е речиси за 100.000 повеќе во однос на истиот период лани.

Најмногу непополнети работни места има во секторите транспорт, трговија, металургија, како и во здравството.

Наспроти официјалните податоци на Агенцијата, германското министерство за труд проценува дека бројот на непополнети работни места надминува еден милион.

Министерката за труд Андреа Налес истакна дека по објавувањето на рекордно ниските вредности на невработеноста за октомври, расте потребата за засилена примена на програмите за преквалификација и дошколување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП