27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ‘Триглав Осигурување’ со најдобар однос меѓу цената и квалитетот на услугите за...

‘Триглав Осигурување’ со најдобар однос меѓу цената и квалитетот на услугите за осигурување

triglav (1)222

Најголем дел од младите Македонци на возраст помеѓу 15 и 35 години, би ги избрале услугите на „Триглав Осигурување“ земајќи го предвид односот меѓу цената и квалитетот, покажува истражувањето на Best Buy Award Милениумци Македонија 2015/2016.

На испитаниците, млади граѓани на Македонија, во истражувањето спроведено преку интернет анкета, им беше поставено прашањето „Која осигурителна компанија според Ваше лично искуство нуди најдобар однос помеѓу цената и квалитетот на македонскиот пазар“, на што најголем дел млади на возраст од 15 до 35 години, навеле дека „Триглав Осигурување“е осигурителната компанија која на македонскиот пазар им нуди услуги со извонреден квалитет по одлични цени.

Прашањето беше отворено, односно на испитаниците не им биле претходно понудени одговори, и сами можеле слободно да наведат кој според нивното искуство, им нуди најдобар однос меѓу цената и квалитетот на македонскиот пазар.

Припадниците на генерацијата Y, ткн Милениумци ја препознаа компанијата „Триглав Осигурување“ како чувар на нивната сигурност и иднина која им нуди најголема вредност за вложените средства, се заклучува во истражувањето.

Благодарение на освоената позиција „Триглав Осигурување“ има право да ја користи престижната ознака за „Best Buy Award – Бр.1 најдобар однос меѓу цената и квалитетот“ во категоријата на осигурителни компании.

„Best Buy Award медалот за најдобар однос меѓу цената и квалитетот на понудените услуги, QUDAL- QUality meDAL медалот за најдобар квалитет, којшто го добивме минатата година, како и рангирањето на компанијата на листата на најдобрите 100 осигурителни компании во југоисточна Европа, SEE TOP 100 Insurers 2015, со највисока позиција од сите македонски осигурители, се потврда за квалитетот што го нудиме, а што јавноста го препознава, како и показатели на довербата и задоволството на клиентите на Триглав“, рече извршниот директор, Сања Танчевска.

Додаде дека особено ги радува фактот што Best Buy Award доаѓа токму од генерацијата Y, или Millennials, што значи дека како компанија успеале да допрат до генерацијата која ги поставува трендовите и е носител на иднината.

„Тоа е генерација која умее да препознае искрен однос и добар квалитет. Сево ова дава уште поголема вредност на оценката што тие ја доделуваат, а тоа и за нас е причина повеќе да се радуваме на нивното признание. Сигурна сум дека ќе продолжиме и понатаму да ја оправдуваме довербата што толку голем број клиенти ни ја дава, обезбедувајќи ја нивната сигурна иднина“, заклучи Танчевска.

Истражувањето Best Buy Award Милениумци Македонија 2015/2016 (www.bestbuyaward.org) го спроведува швајцарската компанија ICERTIAS – Меѓународно здружение за сертификација ГмбХ (www.icertias.com). Истражувањето е спроведено на територијата на Република Македонија во текот на месец јули, 2015 година преку интернет анкета со методот CAWI – DEEPMA (Компјутерски потпомогнато интервјуирање преку интернет – Длабокоумна свесност). Во анкетата учествуваа 1 200 испитаници, граѓани на Македонија на возраст од 15 до 35 години, сите корисници на интернет.

Комплетното истражување за Best Buy Award Милениумци Македонија 2015/2016 е работено согласно одредбите од „Меѓународниот кодекс за спроведување на пазарни и општествени истражувања“ донесени од Меѓународната стопанска комора (ICC) и Светското здружение на истражувачки експерти (ESOMAR)

Best Buy Award Милениумци Македонија 2015/2016 (www.bestbuyaward.org) е проект на швајцарската компанија ICERTIAS – Меѓународно здружение за сертификација ГмбХ (www.icertias.com).

Основната цел на истражувањето е да се добие увид во искуството и перцепцијата на младите граѓани на Република Македонија (генерацијата Y – Милениумци) за производите и услугите како и за производителите и продавачите за кои корисниците сметаат дека нудат најдобар однос помеѓу цената и квалитетот (таканареченото best buy), но и според перцепцијата на оние кои не се корисници по секоја цена, но имаат релевантно мислење врз основа на искуството на нивните блиски (колеги, пријатели, роднини и сл.).

Целта на проектот и на сертификатот „Best Buy Award” е да им се олесни на купувачите кога бараат производи и услуги со најдобар квалитет и најповолна цена на својот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП