20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата над 49 долари

Цената на нафтата над 49 долари

nafta 35

Цената на сировата нафта се задржа во четвртокот на светските берзи над 49 долари откако вниманието на инвеститорите беше пренасочено од залихите во САД на послабиот раст на најголемата светска економија во третиот квартал.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 49,03 долари. На американската берза со барелот се тргува по 36 центи повисока цена, од 46,30 долари.

Вчера цената на нафтата скокна при крајот на тргувањето, што трговците го поврзаа со падот на залихите во клучниот американски јазол Кушинг и намалените залихи на бензин.

Денеска противтежа на извештајот беше податокот за осетно намалениот раст на американската економија во третиот квартал, за 1,5 отсто на годишно ниво, во споредба со 3,9 отсто забележани во претходниот квартал.

Аналитичарите напоменуваат дека солидната домашна побарувачка на крајот на годината сепак би можела да ја поттикне американската централна банка да ја крена клучната каматна стапка во декември, што би поттикнало раст на доларот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП