21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТргувањето на Македонска берза го одбележа блок трансакцијата на акции на Комерцијална...

Тргувањето на Македонска берза го одбележа блок трансакцијата на акции на Комерцијална банка

mk berza kke

Тргувањето на Македонската берза во четвртокот го одбележа блок трансакцијата со акциите на „Комерцијална банка“ АД Скопје во која беа истргувани 8.000 акции по цена од 1.900 денари за акција.

Дополнителни 638 акции беа истргувани во регуларното тргување при што просечната цена изнесуваше 1.916,43 денари.

Акцијата забележа пораст од 1,96 отсто и вкупно реализиран промет од 16.422,683,00 денари, што претставува 87,8 отсто од вкупно реализираниот промет денес. Воедно, банката денес ги објави и деветмесечните неревидирани финансиски извештаи за 2015 година во кои е прикажана добивка од 316,7 милиони денари, што претставува позитивен пресврт со оглед на тоа што во истиот период минатата година банката имала загуба од 183,7 милиони денари.

Следна на листата според прометот беше акцијата на „Гранит“ АД Скопје каде беа истргувани вкупно 1.500 акции по просечна цена од 480,00 денари. Акцијата забележа пад од 1,32% и ја предводи листата на губитници.

Најголем пораст во четвртокот забележа акцијата на „Окта“ АД Скопје (2,91 отсто), следена од акцијата на „Стопанска банка“ АД Битола со пораст од 2,65 отсто.

Индексот МБИ-10 порасна за 0,34 проценти и заврши на 1.692,65 поени, додека, пак, ОМБ остана непроменет со оглед на тоа што немаше трансакции со обврзниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП