28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекордна загуба на Deutsche Bank во третиот квартал

Рекордна загуба на Deutsche Bank во третиот квартал

db banka 333

Најголемата германска банка Deutsche Bank објави денеска дека поради судски трошоци и отпис забележала рекордна нето загуба во третиот квартал, а најави отпуштање на неколку илјади вработени.

Deutsche Bank во периодот од јули до септември работеше со нето загуба од 6,01 милијарди евра, наспроти загубата од 94 милиони евра во истиот период лани.

Новиот извршен директор на банката Џон Крајан изјави дека резултатот е многу разочарувачки.

Резултатите на банката беа под силен притисок на отписи во вредност од 5,8 милијарди евра во одделите за корпоративно банкарство, хартии од вредност, како и во одделот за приватни и деловни клиенти, се наведува во деловниот извештај.

Банката исто така забележа и трошоци од 649 милиони евра поврзано со инвестиции во кинеската банка Hua Xia, а дополнителни 1,2 милиони евра се резервирани за регулаторни и правни прашања, појасни Крајан.

„Покрај тоа врз нашите приходи влијаеја и предизвикувачките пазарни услови, особено континуирано ниските каматни стапки и неизвесноста во поглед на американската централна банка околу каматните стапки, појасни Крајан.

Тој напомена дека сепак стапката на адекватност на капиталот во третиот квартал благо порасна, на 11,5 отсто.

„Приходите од основната дејност пораснаа и покрај мешаните услови за работење во текот на тромесечјето и колебливоста на пазарот во август и септември“, нагласи Рајан.

Од анката најавија девет илјади работни места со полно работно време и чест илјади места во надворешни подизведувачи, како и да се повлечат од Аргентина, Чиле, Мексико, Перу, Уругвај, Данска, Финска, Норвешка, Малта и Нов Зеланд, а активностите да ги префрлат во Бразил и други глобални и регионални центри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП