20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот на највисоко ниво кон еврото во два ипол месеца

Доларот на највисоко ниво кон еврото во два ипол месеца

dolar evro 330

Курсот на американскиот долар во четвртокот на меѓународните валутни пазари се задржа во близина на највисокото ниво во последните два ипол месеца во однос на европската валута, откако од седницата во средата на американската централна банка Federal Reserve (Fed) беше сигнализирано дека каматните стапки би можеле да бидат зголемени веќе во декември, па во фокусот повторно се вратија различните монетарни политики во САД и во еврозоната.

Во таквата атмосфера на пазарите, еврото се лизна на 1,0918 долари, откако во средата ослабе за значителни 1,2 отсто во однос на доларот веднаш по завршувањето на дводневната седница на челниците на Fed, кои очекувано ги задржаа актуелните каматни стапки близу нулата, но ја з остри реториката во врска со временската рамка во којашто каматните стапки би можеле да бидат подигнати, враќајќи го повторно во центарот на вниманието можноста за нивното подигнување на последната годинешна седница во декември.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на шесте водечки светски валути на земјите најголеми трговски партнери на САД, во еден момент достигна 97,818 поени, што е највисокото ниво од 10-ти август, но во подоцнежното тргување се стабилизираше на 97,62 поени. Скокот над 98,334 поени, на колку што се искачи на 7-ми август, би значело дека излегол надвор од распонот на движење на кое се држеше изминатата половина година, што би му отворило пат да го тестира највисокото 12-годишно ниво од 100,39 поени, коешто го достигна претходно годинава.

Американската валута се лизна, пак, за благи 0,2 отсто во однос на јапонската валута, и изнесуваше 120,75 јени.

Додека Fed го подготвува теренот за евентуално подигнување на каматните стапки од рекордно ниските нивоа, од Европската централна банка (ECB) се очекува дека би можела дополнително да ги зголеми поттикнувањата до крајот на годината поради поддржување на економскиот раст и инфлацијата.

„Соопштението на Fed може различно да се толкува, но за оние коишто го очекуваа подигнувањето на каматните стапки во декември, може да се прочита како создавање предуслови за таквиот потег“, оценува во анкетата на Reuters Саискуке Ино, валутен стратег „Sumitomo Mitsui Bank“.

Многу аналитичари, сепак, не се премногу уверени дека Fed ќе започне со подигнувањето на каматните стапки имајќи ги предвид неодамнешните слаби економски показатели, па за одлуката за нивното евентуално поткревање во декември ќе бидат клучни економските податоци кои се очекуваат следните седмици. Економистите прогнозираат дека на почетокот од следната седмица клучниот податок од американскиот индустриски сектор би можел да го покаже првиот пад на активностите во овој сектор во последните две ипол годни, што не би претставувало поттик за зголемување на каматните стапки.

„Секако дека одлуката на Fed за тоа ќе зависи од економските показатели следните седмици, во прв ред на оние за движењето на инфлацијата и оние од пазарот на трудот за октомври и ноември. Уште повеќе, Fed набрзо ќе се откаже од експанзивната монетарна политика, а резултат од ќе биде аперацијата на доларот, во прв однос кон еврото…“, вели Антје Прафцк, валутен аналитичар „Commerzbank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП