17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на азиско-пацифичките берзи

Пад на азиско-пацифичките берзи

Chinese stock investors check their shar

На повеќето берзи во Азија и на Пацифик, денеска забележаа пад, трет ден по ред, бидејќи вложувачите се загрижени од најавата на американската централна банка Federal Reserve (Fed) дека во декември би можела да ги зголеми каматните стапки.

На Токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување во четвртокот беше во позитива од 0,1 отсто, а благ пораснаа и цените на акциите во Шангај. Меѓутоа, берзанските индекси во Јужна Кореја, Хонгконг, Сингапур и Австралија паднаа меѓу 0,2 и 1,2 отсто, па индексот MSCI на азиско-пацифичките акции без јапонските, беше во минус од 1 отсто, ослабувајќи трет ден по ред.

Падот на цените на акциите е последица од пораката од средата на челниците на американската централна банка дека во декември е можно зголемување на каматите, бидејќи економијата во САД ќе продолжи умерено да расте.

И додека инвеститорите на Волстрит од тоа заклучија дека во Fed се уверени дека американската економија е доволно цврста да го издржи зголемувањето на каматите, па индексите Dow Jones и S&P 500 во средата скокнаа за повеќе од 1 отсто, а азиските вложувачи таа најава ги натера на продажба на акциите. Бидејќи, во услови на забавување на глобалната економија, зголемувањето на каматите на Fed би можело да ги стресе пазарите во развој.

Инвеститорите се загрижени и од тоа што неодамна Fed порача дека ќе почека со зголемувањето на каматите, додека не стане појасно каква е ситуацијата во глобалната економија, додека во соопштението од средата воопшто не ја спомена неизвесноста во светот.

„Пазарите се збунети во врска со политиките на Fed, исто толку колку и што американската централна банка е збунета во врска со каматните стапки“, смета Дејвид Куо, директор во компанијата „Motley Fool Singapore“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП