19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛи Кечијанг: Кина и Европа треба набрзо да почнат преговори за слободна...

Ли Кечијанг: Кина и Европа треба набрзо да почнат преговори за слободна трговија

merkel kina 33

Кина и Европа треба да ги разгледаат можностите за преговори за слободна трговија што е можно побрзо, изјави денеска кинескиот премиер Ли Кечијанг за време на средбата со германскиот канцелар Ангела Меркел во Пекинг, пренесува „Ројтерс“.

Ли појасни дека Кина ќе биде огромен пазар за Германија и дека може да научи многу од германската индустрија.

„Неопходно е политичко решение на кризата во Сирија“, рече премиерот. Според него Пекинг е сериозно вознемирен од бегалската криза во Германија и Европа, но верува дека Европа е способна да се соочи со предизвикот, додаде тој.

Кина постојано приговара против употребата на сила за решавање на кризата во Сирија и изјавува дека таа бара политичко решение, наведува „Ројтерс“.

Инаку, германската канцеларка пристигна во Пекинг со делегација од 20 бизнис лидери. Нејзините главни теми на разговорите со кинеските раководители ќе бидат билатералната економска соработка и улогата на Кина во меѓународните кризи.

Во бизнис делегацијата која ја придружува Ангела Меркел, е и новиот директор на „Volkswagen“ Матијас Милер, кој најверојатно ќе даде појаснување за скандалот кој ја потресе автомобилската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП