3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој граѓанин на ЕУ ќе плати по 700 евра за грчкиот долг

Секој граѓанин на ЕУ ќе плати по 700 евра за грчкиот долг

grcija-kriza-pari

Германскиот таблоид „Bild“ објави доверлив внатрешен документ на Deutsche Bank според кој простувањето на грчкиот долг од 200 милијарди евра е неизбежно пред крајот на годината.

„Намалувањето на долгот на Атина е неизбежно и ќе чини скапо“, наведува „Bild“ повикувајќи се на анализата на економистите со оценка дека станува збор за „страшна фактура“

Извештајот, кој го пренесуваат грчките медиуми, наведува дека грчкиот долг до крајот на годината ќе достигне износ од 340 милијарди евра, од кои 200 милијарди евра мора да се отпишат со цел тој да стане одржлив. Според документот, отписот на грчкиот долг секој граѓанин во еврозоната ќе го чини 700 евра.

Банката оцени дека не постои начин на кој Грција би можела сама да ги плати долговите и така им се придружи на долгогодишните тврдења на бројни експерти и грчки политичари.

„Грчката економија е скршена. (Државната) потрошувачка е превисока, а инвеститорите изостануваат. Отписот е економски неизбежен, како и четвртиот пакет помош“, коментираше Лудер Геркен, директорот на Центарот за европска политика.

„Единствена програма за рехабилитација која би функционирала е Grexit, но и тогаш закрепнувањето на грчката економија би траело со години“.

Анализата на Deutsche Bank се завршува со оценката дека конечната одлука за отпис на долгот ќе биде политичка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП