27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе создава најголемата фармацевтска компанија?

Се создава најголемата фармацевтска компанија?

pfizer allegran 33

Фармацевтскиот гигант „Pfizer Inc“ оствари првични разговори со „Allergan Plc“, за да преговараат за можеби најголемиот договор во индустријата во оваа година, објави „Reuters“.

Здравствениот сектор забележа невиден бран на трансакции од почетокот на 2014-та година, така што големите фармацевтски компании ги купуваа помалите конкуренти, па производителите на генерички лекови ги консолидира своите позиции, а осигурениците ги засилија врските.

Евентуалната понуда за „Allergan“, која има пазарна вредност од 113 милијарди долари, ќе биде втор обид на „Pfizer“ во последно време да се здобие со свој голем ривал, откако минатата година имаше неуспешен обид да ја купи англо-шведската „AstraZeneca Plc“.

Со обединувањето на „Allergan“ и „Pfizer“ (која има во вредност од 219 милијарди долари), ќе се создаде најголемата групација во здравствената индустрија во светот со пазарна вредност од околу 330 милијарди, поголема од „Johnson & Johnson“, која се проценува на 278 милијарди долари.

Портпаролот на „Pfizer“ објави дека „не коментира гласини и шпекулации на пазарот“, а и од „Allergan“ исто така одбија да дадат коментар.

Главниот извршен директор Иан Рид објави дека клучна причина за предлогот за „AstraZeneca“ била можноста компанијата да го премести своето седиште во Велика Британија и така значително да ги намали даноците. Се претпоставува дека зад предлогот за „Allergan“ стои слична логика, со оглед дека производителот на „Ботокс“ е со седиште во Даблин. САД се обидуваат да се спротивстави на таков вид трансакции и тоа беше причина за неуспехот за купување на „Shire Plc“ од „AbbVie Inc“, но не е јасно како тоа ќе влијае на потенцијалните даночни предности од договорот „Pfizer-Allergan“.

„Pfizer“, најголемата фармацевтска компанија во САД, се споменува и како потенцијален купувач на „GlaxoSmithKline Plc“ и „Shire“ – акциите на овие две компании опаднаа за 1.5% и 1.8% во четвртокот наутро во Лондон.

„Allergan“ стана третата најголема фармацевтска компанија во САД, по стекнувањето на „Actavis“ во март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП