27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoyal Dutch Shell со рекордна загуба во последните 10 години

Royal Dutch Shell со рекордна загуба во последните 10 години

shell11

Нафтената компанија Royal Dutch Shell извести денес за најголема загуба во последните повеќе од 10 години, заради трошоците на отпис на инвестициите на Аљаска и Канада, како и намалените прогнози на цените на нафтата и гасот.

Во третото тромесечје годинава загубата на најголемата европска нафтена компанија достигна 6,1 милијарди долари. Колку за споредба, во истиот период лани оваа нафтена компанија имала профит од 5,3 милијарди долари.

Компанијата имала трошок од 8,6 милијарди долари заради запирање на проекти како што се дупчење на извори на нафта на Аљаска и вадење нафта од шкрилци во Канада, пишува во извештајот објавен во четврток. Тие трошоци, исто така, ги одразуваат пониските цени на прогнозите на цените на нафта и гас.

„Ова се тешки, но впечатливи одлуки. Убеден сум дека како резултат на тоа, Shell ќе стне пофокусирана и поконкурентна компанија“, рече извршниот директор Бен ван Берден.

Цената на акциите на Shell на Лондонската берза се спушти денес наутро за 1,8 отсто.

Италијанскиот конкурент Eni исто така во четврток извести за загуба во третото тромесечје, додека француски Total работел со профит од 1,8 милијарди долари, што е 69 отсто помалку од претходната година.

Exxon Mobil, најголемата светска нафтена компанија според пазарната капитализација, како и американскиот ривал Chevron, ќе ги соопштат бизнис резултатите во петок.

Британски BP порано извести за пад на прилагодената добивка за 40 отсто, на 1,82 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП