КОМПАНИИ

Позитивен полугодишен оперативен профит за Nintendo

nintendoje3nuir74tf7g

Јапонскиот производител на видео игри „Nintendo“ објави вчера дека во првата половина од деловната година на оваа компaнија, која завршува на 30-ти септември, остварил оперативен профит од 8,98 милијарди јени (67,39 милијарди евра), што е првиот полугодишен оперативен профит по пет години.

Една година претходно беше забележана загуба од 215 милиони јени.

„Nintendo“ во вториот квартал од својата фискална година, завршен на 30-ти септември, оствари оперативен профит од 7,8 милијарди јени (58,5 милиони евра), додека една година претходно тој изнесуваше 9,3 милијарди јени.

Аналитичарите очекуваа дека оперативниот профит ќе биде непроменет, пренесува Ројтерс.