1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на Волстрит по пораките на Fed

Раст на Волстрит по пораките на Fed

wall street3300009

На Волстрит цените на акциите во средата пораснаа за повеќе од 1 отсто, бидејќи од пораките на американската централна банка Federal Reserve (Fed) произлегува дека во декември е можно зголемување на каматите, вложувачите заклучија дека американската економија стабилно расте.

Индексот Dow Jones зајакна за 1,13 отсто, на 17.779 поени, индексот S&P 500 порасна за 1,18 отсто, на 2.090 поени, а индексот Nasdaq за 1,30 отсто, на 5.095 индексни поени.

Како што се очекуваше, челниците на Fed ги оставија клучните каматни стапки непроменети на рекордно ниското ниво од 0 до 0,25 отсто. Меѓутоа, по дводневната седница порачаа дека во декември е можно зголемување на каматите, бидејќи економијата во САД ќе продолжи умерено да расте.

По соопштението на американската централна банка берзанските индекси прво се лизнаа, но подоцна пораснаа, бидејќи инвеститорите од пораките на Fed заклучија дека челниците на банката се уверени дека растот на економијата е доволно силен да го издржи зголемувањето на каматите.

„Прво следеше пад на цените на акциите, што е конвенционална реакција на вложувачите. Меѓутоа, мене ми се допадна пораката дека Fed има повеќе доверба во економијата и дека се помалку загрижени поради забавувањето на растот на глобалната економија“, вели Мајкл Мејрејл, директор во компанијата ITG.

Најмногу во средата, за 2,4 отсто, скокнаа акциите во финансискиот сектор, кој би бил попрофитабилен во услови на повисоки камати. Силно, и тоа за 2,2 отсто, порасна S&P индексот на енергетскиот сектор, благодарејќи на скокот на цените на нафтата по повеќедневниот пад. Од друга страна, пак, за 1,1 отсто, цените на акциите во комуналниот сектор, кому не му одговара растот на каматните стапки.

Позитивно на пазарите влијаеја и подобрите отколку што се очекуваше квартални деловни резултати на неколку компании, како што е Apple, чијашто акција поскапе за 4 отсто. Од друга страна, акцијата Twitter поевтини за 1,5 отсто, бидејќи резултатите на оваа социјална мрежа разочараа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП