Грција мора да ги спроведе реформите за кои се обврза пред кредиторите во рамките на третиот спасувачки план, изјавил германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер во интервју за грчкиот весник Та Nea.

Германскиот министер е во посета на Атина, каде што треба да се состане со грчкиот премиер Алексис Ципрас и со грчкиот колега Никос Коциас.
„По напорните преговори и болните компромиси ние договоривме голем пакет на реформи. Мој совет е овој пакет решително да биде остварен, а за возврат ЕУ не треба да ја намали помошта, бидејќи на Грција сè уште и е потребна помош“, рекол Германецот.
Запрашан за олеснувањето на долгот, за што Грција се надева дека ќе започне преговори по завршувањето на започната ревизија, Штајнмаер изјавил дека ЕУ и Германија ќе ги почитуваат договорите се додека Грција се придржува кон програмата за реформи.