11 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОдбележување на 80-годишнината од раѓањето на Живко Чинго во ДПМ

Одбележување на 80-годишнината од раѓањето на Живко Чинго во ДПМ

zivko cingo 33

Во четврток, во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе биде одбележана 80-годишнината од раѓањето на Живко Чинго, еден од најзначајните писатели на современата македонска литература.

Средбата ја организираат Друштвото на писателите на Македонија, Институтот за македонска литература и Македонскиот ПЕН центар, а за творештвото на Живко Чинго ќе зборуваат д-р Веле Смилевски, д-р Маја Јакимовска Тошиќ, д-р Јасмина Мојсиева Гушева и д-р Ермис Лафазановски.

Живко Чинго (1935-1987) со своето творештво како раскажувач и романсиер одбележа еден од магистралните текови во македонската литература. Автор е на збирките раскази „Пасквелија“, „Нова Пасквелија“, „Пожар“, „Вљубениот дух“, „Гроб за душата“ и „Бунило“, како и на романите „Големата вода“, „Сребрени снегови“ и „Бабаџин“.

Живко Чинго создаде и низа впечатливи драмски дела, меѓу кои: „Ѕидот, водата“, „Образов“, „Кенгурски скок“ и „Макавејските празници“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП