7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската централна банка трага по алтернатива за Либор

Британската централна банка трага по алтернатива за Либор

bank of england

Британската централна банка следната година ќе изнесе модел за премин на алтернатива на актуелната каматна стапка Либор, по скандалот со нејзиното местење што резултираше со огромна парична казна за банките.

Лондонската понудбена камата за меѓубанкарски позајмици (Либор) уште е претерано застапена, тврди извршниот директор на Британската централна банка за пазари Крис Салмон.

Некогаш постапката за одредување на Либор ја надгледуваше Британското здружение на банкари, а таа каматна стапка се најде во фокусот на јавноста откако повеќе трговци беа обвинети за местење на нејзиното ниво. Либор се пресметува врз основа на проценките на банката за трошоците на меѓусебните позајмици во разни валути низ повеќе временски периоди.

Во првото судење за местење на Либор поранешниот трговец на швајцарски UBS Том Хејс е прогласен за виновен и осуден на 14 години затвор.

Околу 250 милијарди фунти (382,50 милијарди долари) корпоративни кредити се поврзани за Либор во британска валута. Либор и натаму е клучна каматна стапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП