3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВисокиот ранг на Македонија на Дуинг бизнис листата е успех на секој...

Високиот ранг на Македонија на Дуинг бизнис листата е успех на секој граѓанин

груевски-и-компанија

Цел на македонската Влада е подобрување на стандардот на граѓаните, создавање подобри услови за живот, а тоа што Македонија е рангирана на високото 12-то место на листата на Дуинг бизнис 2016 е успех на секој граѓанин, на секој поединец, порача премиерот Никола Груевски, при презентацијата на Извештајот.

„Ова признание ќе биде поттик и натаму Македонија да работи на подобрување на бизнис климата во земјата. Овој резултат е како со посветена работа и заеднички труд може да се постигне многу. Овој извештај е вреднување на тој труд, а спроведените реформи и конкретни чекори се првенствено спроведени за граѓаните. Ниту една реформа не се реализира сама за себе, туку со одредена цел и одредена намена“, рече Груевски.

Посочи дека од европските земји пред Македонија според Дуинг бизнис 2016, се само четирите скандинавски држави, Данска на 3 место, Шведска на 8, Норвешка на 9-то и Финска на 10-то и Велика Британија на 6-то место, што потврдува дека Македонија, не само што е лидер на земјите од регионот во Југоисточна Европа, туку е и меѓу лидерите во Европа и во светот.

„Посветеноста кон работата, чесниот и искрен пристап, преземените реформи, и преземените чекори, доведоа до нов значаен успех и одлична вест за Македонија. Република Македонија е на извонредното 12 место во светот, според добрата бизнис клима. Согласно Дуинг бизнис 2016 која е најреномиран меѓународен извештај кој ги мери условите за водење бизнис, Македонија е на 12 место, во конкурњнциј на 189 држави. Македонија е на шестото место во Европа за водење бизнис, каде економиите се најразвиени и каде земјите обрнуваат особено внимание на подобрување на бизнис климата“, рече Груевски.

Според него, Македонија годинава, на листата на Дуинг бизнис се најде пред многу етаблирани економии и развиени земји како Канада,Австралија, Германија, Австрија, Франција, Холандија, Јапонија….

„Македонија е рангирана пред 24 земји, членки на Европската унија. Македонија е далеку пред останатите земји од регионот, како што се Словенија, Романија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Турција, Србија, Грција, Косово, Босна и Херцеговина и Албанија’, рече Груевски.

Премиерот смета дека, иако овој резултат за многумина е изненадување, Владата верува во реформите кои ги спорведува во Македонија, при што се применуваат светските најдобри практики, кои се анализираат и се прилагодуваат на нашите услови.
„При изработка на извештајот Меѓународната финансиска корпорација директно соработува и ангажира голем број домашни фирми и домашни консултанти, кои согласно унифицирана методологија ги мерат состојбите на терен што само ја потврдува веродостоојноста и релевантноста на Извештајот“, рече Груевски.

Македонија пред девет години според истиот овој извештај беше рангирана на 94-тото место, но стратешката определба на Владата за унапредување на бизнис климата како најдобар начин за обезбедување на оджлив економски раст, креирање на нови работни места и подобрување на животниот стандард придонесе земјата да направи крупен исчекор од 82 места, смета Груевски.

За да се постигне тоа, земјата работела на изградбата на современи институции, за што е донесена модерна регулатива и законодавство, намалена е бирократијата и поедноставени се административните процедури, а воведени се современи технологии за обезбедување на квалитни јавни услуги. Воспоставени се едношалтерски систем во
Централниот регистер, во катастарот, во УЈП, во Царинската управа, преку кои граѓаните и фирмите полесно, побрзо и со многу помали торшоци аплицираат и ги добиваат услугите.

„Извештјот е ценет помеѓу инвеститорите и го земаат како релевантен показател при носењето одлука каде да ги инвестираат своите средства. Праксата го потврдува тоа. Како што се подобрубва рангот на македонија на оваа листа се зголемува и бројот на странски инвестициски компании кои доаѓаат во земјава, отвораат фабрики, нови работни места и невработенсота во Македонија се намалува“, рече Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП