20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМорган Фримен снима документарец за Господ

Морган Фримен снима документарец за Господ

frimen-gospod

Иако веќе двапати го играше Господ, холивудската легенда Морган Фримен, пристигна во Ерусалим барајќи одговор на прашањето за верата.

„Во прв ред ме интересира одговорот на прашањето ‘зошто’’’, изјави Фримен во текот на еднодневната пауза на снимањето на „Приказни за Бога“, документарниот филм на National Geographic и компанијата „Highlight Films“ за верата и теологијата.

„Сé уште не ги пронајдов одговорите“, изјави славниот актер пред базиликата на Светиот Гроб, местото на коешто според традицијата е погребан Исус Христос. Многу аџии и туристи беа силно импресионирани од неочекуваното појавување на Фримен на ова место, пишува Reuters.

Фримен, кој е славен и по своите филмски нарации, воедно е и продуцент на документарниот филм кој ќе започне да се прикажува во април следната година. Минатата седмица актерот ги посети пирамидите во Гиза, а патот го веќе го одведе или до крајот на снимањето ќе го одведе и на палестинските територии, во Турција, Индија и Гватемала.

На тесните поплочени улички на ерусалимскиот Стар град, 78-годишниот Морган Фримен не бегаше од бројните локални жители и туристите кои сакаа да направат селфија со него.

Актерот не сакаше да ги коментира најновите судири меѓу Израелците и Палестинците, што е многу различно од јавната поддршка што му ја даде на потпишувањето на нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте светски сили во јуни годинава, договорен на незадоволство на Израел.

„Немам порака за никого. Не, тука сум само за да го снимиме документарецот“, рече.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП