21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворена најголемата и најсовремена градинка во Центар

Отворена најголемата и најсовремена градинка во Центар

gradinka

Реновираната градинката “Кочо Рацин“ свечено е пуштена во употреба во средата. Новата градинка е на површина 2800 м2 и е три и пол пати поголема од старата, руинирана градинка, изградена пред 51 година.

Станува збор за најубавата, најсовремена и најголема градинка на територијата на Општина Центар, со капацитетот од над 250 деца.

Пред родителите и децата, амбасадори, политичари, советници, пратеници, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски рече дека ова е прва градинка изградена исклучиво со општински пари и чини 2 милиони евра.

“Градинката ќе биде втор, нов дом за Вас, децата, топло, убаво и функционално место. При изградбата се користени врвни и долготрајни материјали и се запазени сите светски критериуми за изградба на ваков објект“, рече Жерновски.

Градинката “Кочо Рацин“ е единствен јавен објект со винил облога, која е анти-алергена, со подно греење, со прекрасни и современи занимални, тоалети и простории за одмор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП