20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија повторно е лидер по производство на вино

Италија повторно е лидер по производство на вино

italija-vino

Италија во 2015 година ја истисна Франција од местото најголем светски производител на вино и со тоа го врати приматот во овој сектор, покажаа најновите податоците на Меѓународната организација за лозарство и винарство (OIV).

Глобалното производство на вино порасна за два отсто во однос на претходната година, на вкупно 275,7 милиони хектолитри, покажува извештајот, во кој уште треба да бидат потврдени податоците за Кина и Русија.

Според расположивите податоци Италија повторно ја зазеде позицијата најголем светски производител, со вкупно произведени 48,9 милиони хектолитри, што е зголемување од 10 отсто во споредба со претходната година.

Франција произвела 47,4 милиони хектолитри, а трета е Шпанија со произведени 36,6 милиони хектолитри вино.

Зад европските производители се најде САД со произведени 22,1 милиони хектолитри, пред Аргентина 13,4 отсто и Чиле кој бележи рекордно производство од 12,87 милиони хектолитри, што е раст од 23 отсто на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП