19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Македонска берза раст на акцијата на НЛБ Тутунска банка

На Македонска берза раст на акцијата на НЛБ Тутунска банка

mk berza

По објавувањето на деветмесечените неревидирани финансиски извештаи на „НЛБ Тутунска банка“ АД Скопје, каде е забележан пораст на нето добивката од 52,8 отсто во споредба со истиот период минатата година, акцијата забележа пораст од 2,96 отсто при што вкупно се истргуваа 81 акција по просечна цена од 6.695,37 денари.

Со овој пораст акцијата на НЛБ Тутунска банка во средата беше прва на листата на добитници, додека на спротивната страна најголем пад забележа акцијата на Макпетрол со негатива од 3,27 отсто.

На денешниот трговски ден, исто како и вчера, убедливо доминираа акциите на „Комерцијална банка“ АД Скопје со промет од 2.774,355,00 денари и на „Алкалоид“ АД Скопје, со промет од 2.364,520,00 денари. И двете акции се најдоа на листата на добитници, при што „Комерцијална банка“ забележа раст од 1,36 отсто, со 1.476 истргувани акции, додека акцијата на „Алкалоид“ порасна за 0,89проценти, при 464 истргувани акции. Останатите истргувани акции остварија значително помал промет.

Обврзниците и во средата повторно имаа скромен придонес во вкупниот промет со само две реализирани трансакции.

За разлика од вторникот, каде индексите го завршија денот со пад на вредноста, денеска сликата е сосема поинаква. Индексот МБИ10 се зголеми за 0,43 проценти и изнесуваше 1.686,84 поени, додека, пак, ОМБ се зголеми за 0,26 отсто и изнесуваше 127,55 поени.

Денот заврши со вкупен промет од 6.857.625,23 денари реализиран преку 42 трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП