2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманскиот извоз на пат кон рекордни 1.200 милијарди евра

Германскиот извоз на пат кон рекордни 1.200 милијарди евра

made in germany 2203

Германскиот извоз оваа година е на добар пат на достигне рекордна вредност и покрај скандалот во Volkswagen и бавниот раст во најголемите светски економии и во економиите во развој, проценува германското здружени на извозници.

Извозот од најголемата европска економија би требало да биде зголемен до шест отсто во оваа година и да достигне рекордни 1.200 милијарди евра, објави во вторникот водечкото здружени на извозници и велетрговци (BGA).

Остриот пад на цената на нафтата и лабавата монетарна политика на европската централна банка (ECB) беа клучни придвижувачи на побарувачката кај главните германски трговски партнери во рамки на еврозоната, изјави челникот на здружението Антон Бернер.

Германскиот увоз би требало да порасне четири отсто во оваа година и да достигне исто така рекордни 947 милијарди евра, предвидуваат во здружението.

Бернер се осврна на скандалот Volkswagen во врска со емисијата на штетни гасови, оценувајќи дека тоа веројатно нема да предизвика долгорочни штети на имиџот на Германија како квалитететен производител, односно врз произодите презентирани под ознаката “Made in Germany”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП