17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК предложи пакет од 65 мерки за подобрување на условите за бизнис

ССК предложи пакет од 65 мерки за подобрување на условите за бизнис

ssksskssk

Вкупно 65 мерки за подобрување на условите за бизнис во Македонија беа презентирани на редовната годишна седница на Собрание на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК).

Претседателот на ССК, Данела Арсовска, истакна дека пакетот мерки е структуиран во неколку категории: фискална политика, законска регулатива и административни бариери, градежништво и недвижности, енергетика, унапредување на пазарот на труд, трговија како и развој на ИКТ секторот.

„Предлозите произлегоа од редовните седници на Управен одбор на ССК, како и на Управните одбори на 19. секторски и регионални комори. Како позначајни би ги одвоиле формирање на фондови за одобрување на строго наменски кредити со пониски каматни стапки со цел стимулирање на извозот на извозно ориентираните компании, како и зголемување на финансиските средства за компании управувани од жени менаџери. Потребно е да се направи значаен чекор кога е во прашање легислативата, бидејки за бизнис секторот е предизвик следењето на бројните и чести промени на законите. Време е кога Македонија како најбрзо растечка економија во регионот и земја која е една од најдобрите за водење бизнис во светот да се посвети на поголема поддршка и стимул на приватниот сектор. Со зголемување на бројот на работни места да се стремиме и кон зголемување на стандардот и подобар квалитет на живот на граѓаните“, изјави Арсовска.

Од минатиот пакет на 77 мерки, кој беше доставен до Владата на Република Македонија, околу 80% се прифатени, усвоени или во реализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП