21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвеѓаните не мируваат, банката ја поттикнува економијата

Швеѓаните не мируваат, банката ја поттикнува економијата

riskbank 333

Шведската централна банка соопшти дека ќе го прошири програмот за поттикнување за откуп на обврзници за 65 милијарди круни (6,95 милијарди евра), па така да и помогне на економијата.

Банката има желба и да ја помести инфлацијата кон посакуваните два проценти.

До средината на следната година програмата на „Riksbank“ за откуп на обврзници ќе достигне 200 милијарди круни (21,3 милијарди евра).

Шведската банка најави и проширување на програмата за откуп на обврзници, додека повеќето централни банки ширум светот разгледуваат дополнителни програми за спречување на забавувањето на економијата.

Аналитичарите оценуваат дека потегот на шведската банка е одговор на најавата за нови иницијативи од Европската централна банка.

Поттикнувањето на слабата валута, со што шведската круна поради стимулациите во еврозоната ќе се зајакне во однос на еврото, што може да го намали извозот и инфлацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП