2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPfizer ја зголеми прогнозата за растот оваа година

Pfizer ја зголеми прогнозата за растот оваа година

pfizer

Американскиот производител на лекови „Pfizer“ ја зголеми годишната прогноза за растот бидејќи забележа подобри деловни резултати во третиот овогодишен квартал отколку што првично предвидуваше.

Во текот на третиот квартал, нето профитот на компанијата паднал за 20 проценти на 2,13 милијарди долари, што е помалку од првично предвидениот пад.

Приходите во наведениот период се намалени за 2,2 проценти, на 12 милијарди долари, што е над очекуваните 11,56 милијарди долари.

Американскиот фармацевтски гигант ја зголеми прогнозата за приходите за оваа година од претходните 46,5 до 47,5 милијарди долари на меѓу 47,5 и 48,5 милијарди долари.

Прогнозата за профитот по акција е исто така зголемена од 2,04 до 2,10 долари на 2,16 до 2,20 долари, пренесува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП