10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 2017-та година се укинува роамингот во ЕУ

Од 2017-та година се укинува роамингот во ЕУ

roaming1

Дополнителните трошоци за роаминг за мобилните телефони во ЕУ во однос на цените за домашниот сообраќај се укинува од јуни 2017-та година во рамките за единствен европски пазар за електронска комуникација, закон кој е усвоен во Европскиот парламент.

Тој текст исто така им забранува на сите снабдувачи пристапот на интернет да го блокираат или да го забавуваат протокот со што се гарантира неутралност на интернетот, со неколку исклучоци.

Трошоците за роаминг ќе бидат укинати од 15-ти јуни 2017-та година. Тоа се однесува на сите дополнителни трошоци за повици, SMS пораки или потребата на интернет во странство во ракмите на земјите членки на ЕУ, на телефоните или таблетите.

Трошоците веќе постепено ќе почнат да се ограничуваат така да неможе да минат одреден износ од 30-ти април 2016-та (пет центи по минута за повик, две центи за „SMS“ и пет центи по мегабајт за интернет).

До крајот на годината ќе биде одредена и максимална цена за дојдовни повици и треба да биде многу пониска, отколку појдовните.

„Eвропејците ќе плаќаат иста цена за употреба на своите мобилни апарати кога патуваат во ЕУ и кога се дома“, вели европскиот комесар Андрус Ансип и го поздрави првиот чекор кон единствен пазар на телекомуникација.

Со гласањето беше одобрен договорот кој е постигнат на 30-ти јуни 2015-та меѓу европските институции во оваа мерка, за која се залагаше претходниот состав на Европската комисија.

Во ЕУ ова е резултат на повеќегодишни напори, бидејќи Европската комисија од 2007-та година стартуваше со борбата против прекумерните сметки за телефонирање во странство во рамките на ЕУ, па од 2012-та се воведени и ограничувања на цената на повиците, кратките текстуални пораки (SMS) и преносот на податоци во роаминг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП