9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави растот на Британија во третиот квартал

Забави растот на Британија во третиот квартал

london

Стапката на економскиот раст на Велика Британија во третиот квартал забави, погодена од падот на градежните и преработувачките активности, покажаа вчера објавените официјални податоци.

Бруто домашниот производ (БДП) во периодот јули-септември пораснал 0,5 проценти, што е малку полошо во однос на пазарните очекувања за растот од 0,6 проценти за третиот квартал и под растот на БДП од 0,7 проценти од периодот април-јуни, според податоците на британската Канцеларија за статистика (ONS), пренесува агенцијата Франс прес.

Во истиот квартал, активноста во услужниот сектор пораснала за 0,7 проценти, но тоа делумно е неутрализирано со падот на градежните активности од 2,2 проценти, додека активноста во преработувачкиот сектор опаднала за 0,3 проценти, а во рударскиот пораснала за 2,4 проценти.

Реагирајќи на забавувањето на растот на економијата, британскиот министер за финансии Џорџ Озборн изјави дека ќе бидат потребни уште некои „тешки одлуки“ со цел економијата да остане на вистинскиот пат.

„Очигледно е дека се присутни глобалните ризици и уште многу треба да направиме со цел да ја поправиме состојбата во нашата економија“, изјави Озборн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП