27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкорсезе, Де Ниро и Ди Каприо ја снимиле најскапата реклама во историјата?

Скорсезе, Де Ниро и Ди Каприо ја снимиле најскапата реклама во историјата?

reklama istorija

Холивудските легенди Мартин Скорсезе, Роберт Де Ниро и Леонардо Ди Каприо во вторник вечер беа најславните личности што присуствуваа на отворање на казино во Макао, каде што презентираа 15 минутен краток филм што медиумите го нарекоа најскапата реклама во историјата.

Во филмот ’Аудиција’, што го режираше Скорсезе, Де Ниро и Ди Каприо се натпреваруваат за иста улога, а во него на кратко се појавува и Бред Пит.

Иако не е потврдено, медиумите шпекулираат дека продукцијата на филмот чинела 70 милиони долари. Зад целиот проект стои австралискиот мултимилијардер Џејмс Пакер кој сакаше најдобра можна промоција на својата нова коцкарница во Макао.

Пакер заедно со холивудските ѕвезди се појави на црвениот тепих во вторник, за време на отворањето на казиното Studio City кое е тематски посветено на Холивуд и чија изградба чинеше 3,2 милијарди долари.

На отворањето настапи и партнерката на Пакер, пејачката Мараја Кери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП