10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ќе вложат 55 милијарди долари во невидлив авион

САД ќе вложат 55 милијарди долари во невидлив авион

qyakotpicinhz5riwtly

Американското воено воздухопловство соопшти во среда дека ја одбрало корпорацијата Nortrop Gruman, произведувачот на невидливиот бомбардер Б-2, да го направи бомбардерот на новата генерација, во рамки на проектот вреден 55 милијарди долари.

Новиот авион можеби ќе може да лета без пилот, наведува АП.

Оваа зделка ја посакува со заеднички сили да ја добијат и компаниите Boeing и Lokid.

Станува збор за важен чекор во планот на Пентагон за модернизација на атомските подморници, интерконтиненталните ракети и бомбардери со голем дострел.

Конгресот на САД процени дека за тие цели во следните 10 години ќе бидат потрошени 348 милијарди долари, додека другите проценки говорат за 1.000 милијарди за три децении.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП