10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопладне прекин на сообраќајот кај с.Врбјани

Попладне прекин на сообраќајот кај с.Врбјани

avtopati1

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево – Охрид на делот помеѓу Пресека и с.Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин 15-20мин. помеѓу 14:30 – 17:00часот.

Поради изведување на градежни работи (крпење на ударни дупки) на автопатот А2, од наплатната Гостивар до наплатната Тетово, се препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Од „Мануфактура” продукција најавуваат дека поради снимање на францускиот филм „A Fond”, ќе биде затворен дел од автопатот А1, поточно делницата од мотел Македонија до Градско, во периодот од 05:00 до 18:00 часот. Сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП